Бројот на загинати во серијата лавини во источен Таџикистан во изминатите два дена се зголеми на 15, соопшти денеска Владата во Душанбе.
Повеќе од 400 семејства беа евакуирани од своите домови, а повеќето од лавините го погодија автономниот регион Горно-Бадакшан, кој граничи со Кина и Авганистан, информираа од Владата.
Во соопштението се наведува дека лавини погодиле куќи и патишта, како и дека целиот меѓународен сообраќај е во прекин.
Градоначалникот на главниот град на провинцијата, Хорог, Ризо Назарзода,
ги повика 30.000 жители да останат во своите домови поради обилните врнежи од снег и дожд.