Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, изјави дека на актуелниот шпански првак му е неопходен квалитетен напаѓач, кој би требало да биде замена за 35-годишниот Карим Бензема.
Реал синоќа триумфираше на домашен терен против Елче (4-0) во рамки на 21 коло во Ла Лига, а Бензема два пати беше прецизен од белата точка и со 11 голови е на делба на второто место на листата стрелци во шпанското првенство.
„Мораме да размислуваме за нов напаѓач. Карим веќе не е момче, но ќе биде со нас и следната сезона. Имаме многу работа – Лигата на шампиони и шпанското првенство. Не знам дали Бензема ќе го продолжи договорот, но знам дека легендите на Реал мораат да останат во клубот“, рече Анчелоти.
Реал во Ла Лига е второпласиран на табелата со заостанување од осум бодови зад лидерот Барселона.
Избраниците на Анчелоти во неделата го освоија првиот трофеј оваа сезона, триумфирајќи на Светското клупско првенство во Мароко.