Преговорите за набавка на трикафта за 8-те најкритични пациенти, според информациите на Телма, се завршени меѓу Детската клиника каде ќе се лекуваат и застапникот на фирмата Вертекс. Најмногу за месец дена, иако надлежните се надеваат дека лекот ќе дојде за две недели и ќе почне да им се дава на болните.

Државата обезбеди финансиските средства за Трикафта во вредност од над 2 милиони евра. Преговорите за првата интервентна набавка според информациите на Телма завршиле со договорена цена која е пониска од 300 илјади евра. Но не ни беше кажана точната цена.

Но за останатите пациенти на кои им треба Трикафта треба да се изменат три закони за да може да се купи лекот и за нив. Се ќе зависи од тоа кога ќе бидат готови предлог-законите, кога ќе биде пратен во Собрание по што спасот на болните ќе биде оставен во рацете на пратениците.