Седумнаесетгодишната Алејна Олмез е извлечена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија, јавува Анадолија. Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.
Алејна моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а во средата ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине. Таа е среќна поради посетата на претседателот и првата дама на Турција.
– Нашиот претседател дојде во посета, се чувствував добро, се чувствувам горда. Убаво е чувството да се има толкава поддршка, изјави Алејна.
Како што рече, поминала низ тежок период.
– Се борев, не сакав да се предадам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помогнаа. Ви благодарам многу за се, изјави Алејна.