Директорката на Централен регистар, Марија Бошковска Јанковски, во емисијата Студио 10 на ТВ 24 изјави дека согласно Измените на законот, здруженијата кои имаат несоодветни имиња во Македонија ќе престанат со работа.
Бошковска Јанковска вели дека има регистрирано 17.000 здруженија кои се во базата на Централниот регистар, а меѓу нив се и спорните бугарски здруженија.
– Од спорните бугарски здруженија Иван Михајлов нема поднесено барање за промена на името, а Цар Борис Трети има допис кој е барање да се усогласи со новиот закон. Но, тој лист хартија не значи ништо оти не се наведува на кој начин ќе биде усогласувањето, вели Бошковска Јанковски.
Според неа, Централен регистар (ЦР) одговари дека здружението треба да достави документација за да се усогласи со новиот закон.
– Ако достават пријава, ЦР ќе ја достави документацијата до Министерството за правда, вели Бошковска Јанковски.
Понатаму, регистацијата на секое здружение ќе оди преку комисијата во Министерството за правда која ќе одлучува дали називот е соодветен или не преку издадена согласност, додава директорката на Централен регистар.