Лидерот на Единствена Македонија, Јанко Бачев е на разговор во полициска станица поради закана која ја упатил преку социјалните мрежи.
На фејсбук страната на „Единствена Македонија“ наведуваат дека нивниот претседател Бачев е приведен од страна на полицијата додека се движел кон партискиот штаб каде требало да оддржи состанок.