Претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во време на голема, глобална економска криза ги заштити граѓаните и не дозволи никој да профитира на грбот на народот, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ.
Подолу го пренесуваме во целост:
Цената за векна бел и полубел леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.
Владата предводена од СДСМ донесе одлука со која производителите на леб се обврзуваат да го произведуваат и да го стават во промет лебот со замрзната цена, во количина од најмалку 80 отсто од производството во декември 2022 година.
Сите пекарници се обврзани да ја почитуваат оваа обврска.
Истовремено е укината субвенционираната електрична енергија за пекарниците, која ја добија лани во ноември, со која требаше да ги намалат цените на своите производи за 10-15 отсто.
Засилените контроли во сите градови низ државата продолжуваат и понатаму. Државата, институциите преземаат сѐ за да се спречи профитирање на поединци на штета на граѓаните.СДСМ застана во одбрана на стандардот на граѓаните и нема да дозволи никој да го осиромашува народот заради лично богатење.
Центар за односи со јавноста на СДСМ