Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека ниту едно парче српско оружје, алатки или муниција не се продава на Русија или Украина и дека оние кои го тврдат тоа се „само сакаат да и нанесат штета на Србија“.
„Не сме продале ниту едно парче оружје или муниција, ниту на Русија, ниту на Украина. За Србија постојат во склоп на меѓународните закони таканаречени дозволени крајни корисници и само во тие земји Србија може да извезува. Чисти сме како солза, а дали сакаме да заработуваме – да, сакаме да заработуваме и воопшто не се срамам поради тоа, напротив горд сум на тоа што ќе заработуваме повеќе. Дали ние однесовме некого во војна – не , дали сме натерале некого да војува – не сме, рече Вучиќ од Доха, каде учествуваше на конференцијата во Обединетите нации.
По повод наводите дека оружјето во Украина од Србија е извезено преку Турција, рече дека Србија „дополнително се заштитила“ знаејќи дека постои можност дел од стоката да заврши на друго место.