Планинарски марш по падините на Водно кај Скопје е спроведен денеска од Македонскиот полициски синдикат, во чест на празникот на жената, 8 Март, соопшти претседателот д-р Марјан Кицев.
– Почитувани, на ден 07.03.2023 година согласно планираните активности на МПС по повод Меѓународниот ден на жената “8 март” , во организација на Комисијата за спорт на МПС се реализираше планинарски марш на падините на планината Водно. На маршот учество земаа членови на МПС од Советите на МПС при БЈБ, МВР, РЦ за ГР Север, Скопје 1, Скопје 2, Скопје 3 и ОЗОЛО. Согласно програмата на Комисијата за спорт на МПС во следниот период планирани се спортски активности и во останатите Совети на МПС низ државата. Со почит, Македонски полициски синдикат,
претседател д-р Марјан Кицев, се наведува во објавата на официјалниот профил на Фејсбук.