Цел Градачац во Босна и Херцеговина зборуваше за вчерашниот скандал, кој се случи на венчавката на 23-годишниот Един Хуселиќ од Градачац и неговата избраничка Елда Мујчин од Оџак. Младенците се карале пред полноќ, прославата беше прекината, а расплаканата невеста се врати во својата куќа во Оџак.
Се се одиграло пред повеќе од 300 сватови, и тоа откако невестата ги собрала пликовите во кои биле подароците. Според обичајот, невестата им делела на гостите кафе, а тие ја даруваа со коверти со пари. Кога поголемиот дел бил собран, таа му рекла на нејзиниот сопруг дека ќе ги земе сите пари, бидејќи таа била која го делела кафето и ги собрала подароците.
Младоженецот и рекол дека такво нешто не доаѓа предвид, бидејќи тој ја платил свадбата и земал кредит да го уреди нивниот заеднички дом. Невестата, наводно, се обидела да избега со парите, а кога таа не успеала, ја викнала мајка и и се вратила дома расплакана.
-Мојот обра е чист, јас сум млад и можам да продолжам со животот, јас сум жив, здрав. Што можам јас веќе тука да направам, им рекол кратко Един на медиумите.