Еден од најтешко болните пациенти од цистична фиброза, Игор Пехчевски денеска реагира дека не е меѓу првите осум пациенти кои го добија лекот Трикафта и кои од денеска ќе ја примаат оваа таблетарна терапија.
Тој во својата објава на Фејсбук прашува дали и останатите пациентио ќе го добијат лекот навреме.
Инаку вчера, директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Стојка Нацева Фуштиќ изјави дека терапијата ќе почне да ја примаат седум возрасни пациенти и едно дете. Напомена дека двајца од нив се во многу критична состојба и дека се неизвесни ефектите од лекот Трикафта кај овие пациенти.