Независниот пратеник Скендер Реџепи објави фотографија од средба на претседателот на Алтернатива Африм Гаши и поранешниот премиер Зоран Заев за која тврди дека се одвивала изминатиот период во Струмица.
– Прашање за 1 милион евра? Што побара денес Африм Гаши од Зоран Заеви, и зошто мораше да оди дури до Струмица? Активистите на Алтернатива, како и пошироката јавност заслужуваат да ја знаат вистината за оваа средба, напиша Реџепи на Фејсбук.
Тој е поранешен сопартиец на Гаши од Алтернатива. Оваа партија повеќе не коалицира со власта, откако СДСМ и ДУИ одлучија на нивно место да биде поканета Алијанса за Албанците на Арбен Таравари.