Руски борбен авион се судри со американски надзорен дрон над Црното море, извести американската војска. Поради оштетување на пропелерот дронот бил присилно срушен.
Американскиот дрон Reaper и два руски борбени авиони SU-27 Flanker летале над меѓународните води кога еден од руските авиони намерно прелетал пред беспилотното летало и излеал гориво пред него. Веднаш потоа еден од авионите удрил во дронот и со тоа го оштетил неговиот страничен пропелер, информираат од американската страна.
Американското воздухоплоство објави соопштение во кое ги обвинува руските пилоти дека се однесувале непромислено, еколошки неисправно и непрофесионално.
„Освен несигурност и непрофесионалност, овој инцидент покажува и неспособност“, стои во изјавата.
Руски и американски авиони за време на војната редовно летаат над Црното море, но ова е прва таква интеракција, која е потенцијално опасна и која можеше да ескалира во критичен момент од борбата, пишува CNN.