Министерот за правда Кренар Лога стави попис на решението со кое се одбива како неосновано барањето за користење на името ,,Иван Михајлов” во називот на бугарскиот културен клуб во Битола. Ваквата одлука следи откако претходно негативно мислење даде и Комисијата за употреба на имиња на личности која денеска одржа седница.
Во образложението за негативното мислење беше наведено дека именувањето на какво било здружение на граѓани со името Иван (Ванчо) Михајлов претставува навреда и провокација на националните чувства на македонскиот народ, имајќи предвид дека се работи за личност блиска со фашистичка идеологија кој со своето дејствување ја негирал посебноста на македонскиот народ.