Арсовска поради лична пресметка реализира проекти што не се приоритет за граѓаните. Градоначалничката не сака ни да разговара со граѓаните кои реагираат за промена на трасата во Општина Бутел, поточно за Булеварот „ Боца Иванова“, обвинува градоначалникот Дарко Костовски во интервју за Макфакс. Лично Арсовска, им дала ветување на граѓаните во предизборната кампања дека ќе ги послуша и дека дури нема ни да гради ништо, нагласува Костовски, а сега, вели, како да ги заборавила ветувањата, па ја игнорира фрлената ракавица за промена на ДУП-от. Костовски дециден – згрешив што ја поддржав Данела Арсовска за градоначалник на Скопје.
Таа тогаш им кажа дека може нема да се прави улицата. Граѓаните бараат 10-15 метри за поместување и јас не гледам проблем, на крајот од краиштата ниту ГУП-от ниту ДУП-ОТ се Библија и да не можат да се променат. Клучното прашање е зошто 21 година никој не ја направил ?, рече Градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски.
Арсовска пак ги негира тврдењата и на граѓаните и на градоначалникот. Вели , никогаш не ветила такво нешто.
Тоа е апсолутна лага. Јас ветив дека ќе направам модерно Скопје . Сега зборуваме узурпирање на земјиште каде 10 луѓе си правеле хациенди, рече градоначалничката Данела Арсовска
Граѓаните на Општина Бутел, неколку денови на протести едногласно и кажаа „ Не “ на Арсовска за изградба на булеварот во овие услови. Тие бараат промена на трасата за 10-15 метри, а поднесоа и иницијатива што е прифатена од Советот на Општина Бутел.