Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска заедно со потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски и меѓународниот секретар на партијата, Стефан Андоновски, остварија средба со Амбасадорот на Народна Република Кина во Македонија, Н.Е. Џанг Ѕуо.
Соговорниците разговараа за актуелната политичка и економска состојба на државата, како и руската инвазија врз Украина.
Мицкоски рече дека во Македонија има висок степен на криминал и корупција, како и дека државата тоне на економски план, поради лошото менаџирање и неспособноста на владата на СДС и ДУИ.
Мицкоски се осврна и на руската инвазија кон Украина, потенцирајќи дека руската агресија на независноста и суверенитетот на Украина, носи само штета и за народите на Украина и Европа, и за економијата и инфраструктурата во поширокиот европски регион. Негирањето на идентитетот, јазикот и самобитноста на украинскиот народ наликува на бугарското негирање на посебноста и самобитноста на македонскиот јазик и идентитет. Ова однесување е неприфатливо за 21виот век.
Воедно, Мицкоски се заблагодари за позитивната соработка и поддршка од страна на Народна Република Кина кон Македонија во областа на економијата и инфраструктурата, и ги поздрави традиционално пријателските односи помеѓу двете држави.
Соговорниците се согласија ваквите средби да продолжат и во иднина, како и да работата на унапредување на соработката.