Албанскиот премиер Еди Рама, кој престојува во Велика Британија, за време на дискусија во салата на Кралскиот институт за меѓународни односи, корегирал поранешен пратеник во Европскиот парламент кој го употребил зборот „Косово“.
Рама изјави дека Србите велат Косово.
– Прво, не е Косово, тоа е Косова. Србите го нарекуваат Косово, а вие се залагате за независност на Косова. Не сте вие криви затоа што пропагандата си ја заврши работата. Јас понекогаш велам Косово, но тоа е Косова, рече Рама.
Тој изјави и дека Албанија и Косово се „едно исто“ и дека тие се „еден народ кој живее во две држави“.
– Косово не е пријателска земја, тоа е братска земја, ние сме исти и од одредени причини сме народ кој живее во две држави. Ние Албанците имаме две држави и четворица премиери на Балканот. Исти сме, само имаме граница, имаме некои правила што треба да ги почитуваме, но исти сме, рече Рама.