Екипата на Вардар со два гола во последните моменти од натпреварот успеа да го победи тимот на Македонија Ѓорче Петров со 1:3 (1:1) на гостински терен.
Трите бода беа освоени буквално во финишот на средбата, кога при резултат 1:1, Мицевски (90) и Попзлатанов (93) ја донесоа оваа вредна победа за „црвено-црните“, осма во оваа сезона.
Вилијан Лира отвори во 19-тата минута за гостите, додека во 54-тата Божиновски со глава успеа да погоди за 1:1.
Вардарци остануваат први на табелата со два бода предност пред Шкендија, и по ова коло со осум пред Академија Пандев.
Резултати ПМФЛ, 12 коло:
Беласица – Шкендија 0:2
Работнички – Победа 3:1
Ренова – Силекс 1:1
Шкупи – Академија Пандев 1:0
Мекедонија Ѓорче Петров – Вардар 1:3
Табела:
1. Вардар 27 бода
2. Шкендија 25
3. Академија Пандев 19
4. Работнички 17
5. Победа 14
6. Ренова 13…