Градоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се на спротиставени страни, но тој го поддржува и го охрабрува да ги издржи притисоците за внесување на Бугарите во Уставот.
– Тука сме апсолутно на исти страни, зошто најмалку се проблем Бугарите како нација, туку проблем се намерите, вели Јакимовски.
Според него, намерите на великобугарската политика се лоши.
– Тие си ги покажаа нозете, односно змијата си ги покажа нозете уште со само француско-бугарскиот договор. Почнаа да отвораат веднаш овие нивни здруженија со провокации. Веднаш нивните разузнавачки служби почнаа да даваат пари и почнаа нудат пари за тие што ќе учат бугарски јазик, вели Јакимовски.