„Навикнат сум на таков тип на закани петта година по ред и не е тоа нешто ново да мене ми се случува и на моето семејство, и тие се навикнуваат веќе на ваквите закани. Тоа е амбиентот во кој живееме во Македонија. Секоја недела по некое ново убиство, се закануваат на политичари луѓе кои не им е прв пат тоа знаете има и такви кои многу пати досега се заканувале“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при отворањето на политичката академија во организација на ПИАЦ „Љубиша Георгиевски“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски додаде дека тој ќе се движи слободно и ќе продолжи да се движи слободно бидејќи не се чувствува дека на некој нешто му погрешил за да биде исплашен.
„Не сум пријавил во полиција и немам намера да пријавувам. Сум кажал многу пати во минатото дека јас сум единствен претседател на партија кој од државата нема обезбедување и покрај тоа што има загрозена безбедност, но сега нема да го прифатам и да ми го даде Спасовски или Зарко од агенцијата за национална безбедност“, рече Мицкоски.