Интересот на Бугарите во Македонија да гласаат во неколку избирачки места на парламентарните избори во Бугарија е екстремно мал, пренесуваат бугарските медиуми кои се повикуваат на тензичните односи меѓу Македонија и Бугарија.
За гласање во Македонија се пријавија само 169 лица, наспроти целата кампања која ја спроведуваа бугарските пропагандисти во државава.
Излезеноста е многу мала и во Бугарија каде до 16 часот по бугарско време излегле нешто повеќе од 26 отсто од избирачите.