Вицепремиерот Артан Груби „го изгради“ коридорот 8 уште на првото фрлање лопата на оваа делница и само на неговата маица што ја облече за почетокот на градбата на делницата.

Како што може да се види на фотографијата, Груби кој е на чело на Комитетот за изградба на коридорите 8 и 10 Д по специјалниот закон за Бехтел и Енка, носи маица на која има вертикални линии за патни ознаки за „дозволено престигнување“ и „лента за застанување“ и бројката 8.

Груби се појави на удирање на камен темелникот на коридорите во близина на патарината кон Тетово.

Облечен е како Коридор 8, но, како што објави Курир, останатите бројки од овој огромен договор ги нема.

„Не се гледа 10Д за вториот коридор, ниту пак бројката во евра од договорот со Бехтел и Енка. Ја нема ни бројката 22 милиони евра колку во спорна и контроверзна тендерска постапка е доделено на градежниот надзор во кои има фирма на бегалец од законот, фирма со поранешна забрана за учество во вакви проекти и фирма која пред овој автопат се занимавала со производство на долна облека и кроење гаќи и маици“, коментира Курир.