Русија ја стави својата пацифичка поморска флота во состојба на готовност како дел од ненадејната инспекција, чија цел е зајакнување на одбранбените капацитети, изјави денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу.
– Главната цел на оваа инспекција е да се зголеми способноста на вооружените сили да ја одбијат агресијата на веројатниот непријател од правец на океанот и морето, посочи Шојгу.
Вежбата, исто така, ќе симулира непријателско слетување на рускиот остров Сахалин и јужни Курилски острови, за кои Русија има спор со Јапонија.
Началникот на Генералштабот Валериј Герасимов изјави дека руските поморски сили ќе бидат распоредени во областите за обука и ќе вршат борбени вежби.