Во пожар што избувна во зградата Ал-Рас во Дубаи загинаа 16 луѓе, а девет се повредени.
Зградата Ал-Рас е лоцирана во еден од старите квартови на градот, каде живеат голем број странски работници, но не е соопштена националноста на жртвите.
Се претпоставува дека пожарот избил поради непочитување на безбедносните правила. Во 2017 година, властите на Обединети Арапски Емирати најавија воведување построги градежни прописи за да се минимизира ризикот од пожари поради запаливи материјали, што се користат за надворешно обложување.
Дубаи е еден од седумте градови ОАЕ со население од околу 3,3 милиони луѓе, а речиси 90 проценти од жителите се странци.