Ние инвестираме во капитални стратешки проекти, а опозицијата не обвинува за корупција, се нагласува во денешната реакција од владејачкиот СДСМ, во врска со соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение целата реакција во соопштението од СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ партијата симбол на провизии од кинеските автопати продолжува да се противи на стратешките проекти во државата.
Скандалозно и неодговорно, ВМРО-ДПМНЕ, партијата во заложништво на проруската Левица, ги обвинува САД и изведувачот Бехтел за корупција.
Изградбата на делниците од Коридорот 8 и Коридорот 10Д е историски најголема инвестиција во патната инфраструктурата, нешто за што се зборуваше со децении, денес се реализира и тоа е во интерес на граѓаните и државата.
Додека СДСМ државата инвестира во капитални, стратешки проекти,, во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, тоа е истата режимска партија, која останува симбол на корупција и криминал.
Центар за односи со јавноста на СДСМ