Министерството за правда ги објави лицата кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени.
Сали Мурати-поранешен Претседател на Уставен суд
Маргарита Цаца Николовска- поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур
Бајрам Положани-поранешен уставен судија и професор по уставно право
Бранко Наумовски-поранешен претседател на Уставен суд
Јетон Шасивари- професор на Универзитетот на ЈИЕ
Ана Чупеска-професор на на Правен факултет ,,Јустинијан Први”
Елена Михајлова Стратилати-професор на Правен факултет ,,Јустинијан Први”
Беса Арифи-Професор на Универзитетот на ЈИЕ
Јагода Митревска-Професор на Меѓународен Славјански Универзитет
Марија Пандевска-професор на Институт за национална историја
Од таму велат дека списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.
„Ве информираме дека ова работно тело е формирано од Министерството за правда кое е задолжено од Владата да ја подготви предлог иницијативата за потребата од уставни измени. Владата е предлагач на уставните измени. Откако ќе се подготват измените, предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието.Паралелно ќе се одржуваат и стручни јавни расправи на кои експерти, партии, граѓански организации и други институции ќе може да ги кажат своите ставови“, велат од правда.