ЗА ЕУ НЕПРИФАТЛИВО: Унгарија забрани увоз на прехранбени производи и вино од Украина

/ 19.04.2023

Унгарската влада ја продолжи привремената забрана за увоз на украински производи како мед, вино, леб, шеќер и голем број производи од месо и зеленчук, јавува Радио Слободна Европа.

Списокот на производи што треба да се забранат е објавен со владин декрет, откако Будимпешта објави мерка за стопирање на увозот на житарки, маслодајни семиња и уште неколку производи.

Во изминатите денови, Полска, Унгарија и Словачка го забранија увозот на жито и други прехранбени производи од Украина разурната од војната, откако падот на цените предизвика протести на локалните фармери. Портпаролот на Европската комисија рече дека ваквите еднострани мерки на членките на ЕУ се неприфатливи.

Откако руската инвазија блокираше некои пристаништа на Црното Море, големи количини украинско жито, кое е поевтино од она што се произведува во Европската унија, заврши во земјите од централна Европа поради логистички проблеми, што влијаеше на цените и продажбата на локалните фармери.


Од истата категорија