Како што јасно се вели во резимето на овој Извештај – Спроведувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права е приоритет за Парламентарното собрание и Советот на Европа. Сите држави мора да ги спроведат, со добра волја и без одлагање, конечните, обврзувачки пресуди на Европскиот суд за човекови права. Со цел да се спроведат судските пресуди навремено и ефективно, државите мора да имаат ефективни национални механизми за координација, со доволна хиерархија и ресурси. Ќе зборувам за Бугарија која според овој Извештај е седма земја со најголем број нерешени предмети, Бугарија нема спроведено вкупно 166 пресуди на Европскиот суд за човекови права. Можете ли да замислите земја-членка на Европската унија, која става вето на мојата земја Македонија која се обидува да ги отвори пристапните преговори со ЕУ, да не ги спроведува пресудите на Европскиот суд и во исто време да зборува за човекови права и владеење на правото во други земји, колку е срамно е ова! Исто така, во однос на водечките случаи под „засилен надзор“ Бугарија е на 6-то место од дното, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Од сите овие случаи 16 се за основните човекови права на Македонците кои живеат во Бугарија. Во Европскиот суд, десетици илјади граѓани од цела Европа бараат правда која не можат да ја најдат во домашните судови кога нивните основни човекови права, право на слобода на говор, право на здружување, право на национална самоидентификација
и правото на употреба на мајчиниот јазик не се почитуваат. Македонците од Бугарија со децении се борат за овие права. Тие отсекогаш живееле таму и сакаат да ги остварат своите национални, јазични и културни права, но за жал Бугарија тоа го одбива направи. Одбива да ги регистрира нивните здруженија преку кои сакаат да ги остварат своите права. Ќе се согласите дека ова е недемократски чин на земја-членка на Европската унија. Дами и господа, има 16 пресуди на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците во Бугарија и досега ниту еден од нив не е спроведен од Бугарија. Ниту еден! Ова е силно поткопување на кредибилитетот на Судот и затоа Советот на Европа мора да дејствува. Во
услови на војна во Украина кога не се почитуваат човековите права, вториот лош пример е Бугарија. Ова мора да престане, истакна тој.
Тој истакна две од 16-те пресуди на Европскиот суд кои за него на многу симболичен начин покажуваат каде се наоѓа Бугарија во овој процес.
-Првата е за одбивањето да се регистрира „МАКЕДОНСКИ КЛУБ ЗА ЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА ВО БУГАРИЈА“. Што е спорно ако е македонски клуб за етничка толеранција
регистриран, кога етничката толеранција е највисока цел на Советот на Европа? Втората пресуда се однесува и на „ОПШТЕСТВО НА РЕПРЕСИРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО БУГАРИЈА ЖРТВИ НА КОМУНИСТИЧКИОТ ТЕРОР“. Комунизмот владее во Бугарија 45 години и не гледам причина за Бугарија да не се соочи со своето минато и да не признае дека има жртви на комунистичкиот терор кои, меѓу други работи, страдале затоа што биле Македонци. Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да спроведе санкции за да ја принуди Бугарија да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат пресудите. Тоа е единствениот пат да се оди напред, вели Николоски.