Скопскиот портал „Независен“ пренесе делови од бугарските медиуми дека потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски добил забрана за говор во Стразбур. Објавувајќи без да се провери информацијата македонскиот медиум стана гласило на бугарската пропаганда. Имено, уште вчера беше пристигнат демантот во кој ЕПП застана контра Бугарија и во одбрана на Николоски потврди дека немало никаква забрана за зборување.
Според неколку македонски портали од групата на ЕПП во ПССЕ неофицијално потврдиле дека на состанокот имало реакција и расправија, но никој не зборувал за суспензија на правото на обраќање во име на групата. Според извори во ПССЕ, претседателот на групата не може да му забрани на потпретседателот да зборува во име на групата.
Николоски во Стразбур имаше говор во кој кажа дека Бугарија не ги спроведува пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците.
Советот на Европа мора да ја казни Бугарија и да и воведе санкции за да ја принуди да ги спроведе пресудите на Европскиот суд за човекови права, исто како и другите земји кои одбиваат да ги спроведат судските одлуки. Тоа е единствениот пат да се оди напред, побара пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во обраќање на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур.