Руски функционер предупреди дека рекордно високите нивоа на водата би можеле да ја прелеат големата брана во јужна Украина и да оштетат делови од нуклеарна централа Запорожје, која е под руска контрола.
Ренато Карча, советник на главниот директор на компанијата за нуклеарна енергија Росенергоат, вели дека во случај на пукање на браната Каховка, ќе се поплави доводната линија за пумпните станици во Запорожје, што ќе создаде функционални проблеми за работата на електраната и ризици за нуклеарната безбедност.
Во ноември минатата година, сателитски снимки покажаа значителна штета на браната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат дека планираат да ја пробијат браната користејќи експлозиви, што ќе поплави голем дел од низводното подрачје и веројатно ќе предизвика широко распространето уништување околу Херсон.