Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека ставот на Будимпешта, од почетокот на војната во Украина, е дека во неа не може да има победници.

Орбан изјави за унгарското државно радио дека западните идеи за победа или пораз се всушност „лажна дихотомија на војната“, објави МТИ.

Тој додаде дека Русија „удира во ѕид“, бидејќи НАТО ја снабдува Украина со оружје и пари и дека само од „западњаците“ и од Американците зависи колку пари се подготвени да потрошат за војна.

САД се обидуваат да ја вовлечат Унгарија во украинскиот конфликт, изјави Орбан.

– И покрај тоа што САД сакаат да не вовлечат во војна, ние нема да се приклучиме – рече тој.

Орбан претходно предупреди дека идејата за либерализам и таканаречената прогресивна надворешна политика што ја спроведуваат лидерите на неколку западни земји доведуваат до колапс на други земји и го вовлекуваат целиот свет во војна.