Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини медиумите дека со „лажни вести“ поттикнуваат насилства во САД, само една недела по најтешкиот антисемитски напад што беше извршен во државата, во Питсбург.

– Вие потикнувате насилства со своите прашања, и одговори Трамп на новинарка која го праша дали неговиот говор можел да придонесе за „политички мотовирано насилство“ во САД.

-Голем број новинари поттикнуваат насилства со објавување невистини. Медиумите со лажни вести поттикнуваат насилство“, додаде тој на прес конференција во Белата куќа.

– Ако медиумите пишуваа објективно и точно, ќе имаше помалку насилство во нашата држава, додаде тој.