Премиерот Димитар Ковачевски не жали пари кога станува збор за пропаганда на Фејсбук за што во еден ден платил 646 евра.

Тоа може да се види од извештајот на компанијата Мета која управува со Фејсбук.

Ковачевски во еден ден троши повеќе од една просечна плата во Македонија, пари со кои просечно македонско семејство живее цел месец, а многу семејства немаат ни толку.

И предходно Ковачевски потрошил 26.000 евра за 100 дена или 7.000 евра месечно, но 646 евра во еден ден му е личен рекорд на премиерот.

– Мислам дека имаме рекорд. 646 ЕВРА НА ФЕЈСБУК/ИНСТА РЕКЛАМИ ВО ЕДЕН ДЕН за славниот Димитар Ковачевски Таче! Скоро 40.000 денари ВО ЕДЕН ДЕН за да се рекламира на фејсбук Таче колку е јак, успешен и како живеете подобро откако е премиер, пишува водителот Богдан Илиевски алијас Бетмен.

Покрај Ковачевски на листата што ја објавува Илиевски има уште неколку медиуми блиски на СДСМ кои даваат доста пари за ФБ промоција.