Министерката за одбрана на Република Македонија, Славјанка Петровска кажа дека осудените за „Диво Насеље“ треба да останат во затворите во Македонија.

Петровска даде краток одговор по шпекулациите во изминатите денови дека осудените од „Диво Насеље“ ќе се префрлат во затвор во Косово.

-Јас мислам дека треба да се почитува одлуката на македнските судови и дека осудените треба да ја одлежат казната во затворите во нашата држава. А доколку постојат било какви сомнежи за условите или околностите во кои ја издржуваат казната, мислам дека треба да работиме на надминување на тие предизвици, вели Петровска.