Никола ГРУЕВСКИ
Се сеќавам како со години имавме акција за садење милиони дрва секоја година на денот на дрвото кој се одржуваше секоја година во доцна есен, период во кој според експертите најголеми се шансите да успее садница на дрво.
Иницијативата дојде од оперскиот пејач Борис Трајанов и НВО “Засади дрво”.
На денот на дрвото садеа годишно помеѓу 2 и 6 милиони дрва. Секако си остана редовната годишна програма на Македонски шуми кои секоја година бездруго садеа околу 600 илјади дрвца.
Она што беше многу важно е што тој ден се прогласуваше за неработен и имаше јавна покана до сите граѓани да излезат на одредени однапред определени места од АД “Македонски Шуми” околу сите градови и населени места.
Не беше само вредност во ново засадените дрва, која секако е многу важна, туку општата прифатеност и вклученост на населението во садењето. На тој начин се внесуваше навика за садење дрва и љубов и внимание на граѓаните кон природата и дрвата, бидејќи тој кој засадил едно или неколку дрва, тешко дека така лесно ќе исече или уништи дрво во животот, а тој кој никогаш не засадил, многу полесно ќе посегне кон тоа.
Тогаш опозицијата не критикуваше дека тоа било непрофесионално, наоѓаа и сликаа места каде садниците не успеале и сл.
Секако дека на 5 милиони садници дел нема да успеат од различни причини, но како што денес ме потсети еден пријател, и ниту едно дрво да не е успеало доброто е културата, навиката и љубовта кон децата на нашите граѓани.
Откако се смени власта оваа акција која после толку години веќе беше станала традиција, како и се друго се укина, но не се замени со нешто ново, подобро, попрофесионално или покорисно.
Ако нашата акција не била добра, која е денес нивната активност за да се споредиме.
Всушност главниот проблем со оваа власт е што немаме со што да се споредиме во многу области, независно дали станува збор за пошумување, реформи во многу области, градби, фабрики и странски директни инвестиции, обуки на лекарите и опрема за здравството, субвенциите и мерките во земјоделието, намалувањето на даноците, отворањето нови работни места, привилегии за пензионерите, можности за младите итн.