Испораките на борбени авиони Ф-16 за Украина ќе бидат сигнал дека Русија ќе биде губитникот, а колку побрзо се спроведе оваа одлука, толку подобро, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
-Првиот украински Ф-16 ќе биде еден од најсилните сигнали од светот дека Русија ќе ја изгуби својата агресивна војна. Ќе биде послаба и изолираа, рече Зеленски во своето редовно ноќно видео обраќање до нацијата, наведуваат британските медиуми.
Според него, во заштитата на украинското небо најзначајни се брзината на обуката и снабдувањето.