Германија ќе и го префрли на Литванија својот противракетен одбранбен систем Патриот, кој сега го има распоредено во Словачка, за да го штити самитот на НАТО за помалку од два месеца, соопшти денеска германското Министерство за одбрана.
Форумот ќе се одржи на 11 и 12 јули во главниот град на Литванија, Вилнус.
На состанокот се очекува да бидат донесени важни одлуки за иднината на Алијансата во позадина на руската војна против Украина.