Неодамна објавивме прилог за цензура на социјалните мрежи што еуфемизирано, според речникот на на Фејсбук, се нарекуваат прилози „кои се неприфатливи за заедницата“. Тоа продолжува и натаму, и со денешни објави.
Тоа трае веќе подолг период, од Фејсбук на страницата од Денешен се бришат прилози со теми од различни области поврзани со политиката, историјата и религијата.
Таа практика на вистинољупците пролжува и понатаму. Денеска објавуваме само три примери од текстови (објави) кои не се „прифатливи за заедницата“.
Меѓу последните се и текстови за македонскиот композитор Панче Пешев, кој загинал на денешен ден во борба со бугарскиот окупатор кај Струмица, враќајќи се од Егејска Македонија. Претходно и за македонскиот оперски тенор Симеон Гугуловски, роден во Солун. А денеска во „неподобните личности и настани на заедницата“ е и Преподобниот Михаил Синадски, светец кој го празнува МПЦ.
Инаку, неодамна објавивме дека во текот на овој и претходниот месец, на социјалната мрежа Фејсбук се блокирани и избришани повеќе вести и информаци што се објавувани на порталот Денешен. Целиот прилог може да го отворите ТУКА.
(Д. Г.)