По бурните реакции на граѓаните откако се појавија вознемирувачки видео снимки од Психијатриската болница во Бардовци, министерот за здравство откри дека ова не е прв пат во оваа установа да се случуваат вакви инциденти. Меџити додава дека вакви немили случувања имало години наназад.
„Целата јавност е запознаена со тоа. Ние бевме во контакт со директорот. Тоа таму не се случило сега, се случува години наназад и ние жалиме за тоа и поради тоа за прв пат покренавме мерки. Таму биле и службеници од МВР и ако треба ке бидат и судските органи што треба да се занимаваат со тоа, а ние сме тука за се да помагаме како министерство за здравство “,вели Фатмир Меџити министер за здравство
По реакциите на медиумите здравствениот инспекторат изврши увид во болницата во Бардовци и нареди да се обезбеди лична сигурност на пациентите. Од ДСЗИ велат дека ова е институционален проблем во кои се вклучени повеќе надлежни институции и побара оваа установа да има 24 часовно полицско обезбедување за да се спречат други несакани случувања.