Премиерска фотеља во преодната или во техничката влада -ова се најновите понуди до опозицискиот лидер, за да ги убеди пратениците да го стиснат зеленото копче во Собранието. Но тоа ќе значи и дека Мицкоски ќе треба да стави и потпис на веќе изготвените предлог-уставни измени.

„Јас сум потписник на предлогот за уставни измени. Ако некој од ВМРО-ДПМНЕ сака да ја има таа чест, јас со задоволство ќе му ја отстапам. Ќе имате прв премиер од ВМРО ДПМНЕ кој ќе биде подносител на уставни измени “, изјави премиерот на брифинг со новинарите. 

За опозициската партија останува и понудата, во преодната Влада СДСМ да им отстапи пет министерски места. Но, остануваат и разијдувањата околу одложеното дејство на измените, кое за опозицијата треба да биде од влезот на државата во ЕУ, а за власта од втората меѓувладина конференција.

На прашањето од новинар, зошто при палета на можности и еден куп уставни експерти, веднаш е дадена согласност за внесување на Бугарите во уставот, без да се најде друга варијанта, одговорот беше дека, промената на преамбулата на таков начин ќе го смени целиот концепт на уставот.

Од владата ќе почекаат уште неколку дена ВМРО ДПМНЕ да делегираат свои претставници во работната група за уставни измени. Ако нема одговор, крајното решение е, СДСМ да почне директни преговори со опозициските пратеници при што ќе ги убедуваат да гласаат „за„, без уцени.Тврдат дека, токму на ова се однесувала и изјавата на Османи, кој рече дека, уставни измени ќе има, со или без Мицкоски.