Потребна е јасна визија на Европската Унија кон земјите од Западен Балкан. Нема време процесот на проширување да се одолговлекува, со оглед на новите геополитички околности во Европа, како што е руската инвазија врз Украина, беше истакнато на денешната сесија „Проширувањето на ЕУ во променливата геополитичка динамика“, во рамки на Преспа форумот.
Руската инвазија врз Украина го одложи процесот на проширување кон ЕУ. Ние треба да функцонираме на начин што ќе ги најдеме вистинските луѓе, ќе ги процениме вистинските потреби за создавање стратешки позиции и да гледаме како ЕУ ќе му помогне на Западен Балкан да ги појасни процесите кои ќе не приближат кон ЕУ, и ова ни треба сега не ни треба понатаму, порача вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
Тој рече дека Македонија е најевропски ориентирана, но евроентузијазмот кај граѓаните од 80 проценти падна на 65 проценти и ова не натера да размислиме што е она што ние го правиме за да се смени оваа бројка.
Тоа значи дека ние треба да направиме реформирана агенда која ќе ги привлече сите политички партии кон еден дијалог и да се обединат околу ова прашање, затоа што ова е од надпартиски интерес. Затоа работиме и на пронаоѓање структура која ќе функционира и во рамки на парламентот да го решиме ова прашање и да создадеме структура која ќе го помогне да го направи сето ова и да најдеме група експерти кои ќе ни помогнат како да го разрешиме како ова ќе биде изготвено со крајна одговорност и кредибилитет од сите политички партии, за да ги потпишеме сите патокази, сите акциски планови кон решавање на прашањето а не да се фокусираме на дневно-политички настани што во моментов е случај, рече Маричиќ.
Во врска со уставните измени вицепремиерот рече дека секој момент е погоден да се донесе решение за нив и да се дискутира за ова прашање во парламентот.
Ова прашање не смее да се прологира бидејќи изгубивме 20 години за да го решиме прашањето со Грција. Ние немаме ттолку време да губиме за следното. И овие прашања нема да се решат ако ги одлагаме туку ќе стануваат се поголеми и поголеми, рече Маричиќ.