На следната седница на Советот на Град Скопје, што ќе се одржи идната недела, советниците ќе расправаат за предлогот за преименување на катните гаражи „Македонска фаланга“ и „Тодор Александров“. Според предлогот на Град Скопје, гаражата „Македонска фаланга“ кај Рамстор ќе се вика „26-ти Јули“, по поводот 55-годишнината од земјотресот во Скопје, како и зачувување на историјата на градот.
Гаражата „Тодор Александров“, лоцирана на улицата „Даме Груев“, се предлага да се преименува во „Беко“ поради зачувување на урбаниот топоним кој потекнува од поранешната стоковна куќа „Беко“.