За Јаким Неделков, претседателот на синдикатот кој ги застапува просветниот кадар, е прифатлив предлогот на Министерството за образование летниот распуст да трае до 11 септември.
Според Неделков, наставниците секогаш се принудени на летен одмор да одат во јули и август додека учениците немаат настава, а никогаш немале можност да летуваат во септември.
– Тие немаат можност да летуваат со поевтини цени, а вака ќе заштитат 100-тини евра за користење на летен одмор, рече Неделков меѓудругото во вестите на „Телма“.
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска рече дека се уште не е доставен предлогот до Влада, но и дека наставната година во други земји стартува подоцна од 1 септември.
– Доколку одлучиме за 1 септември, ќе биде петок. Доколку се одлучиме за втората варијанта, тоа е во средината на месец септември. Третата варијанта е почеток од 1 септември, но, исто така учениците да имаат пролетен распуст, појасни Шаќири.