Во Собранието денеска треба да продолжи 117. пленарна седница.

Пратениците ќе треба да се изјаснат за Предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за избор на претседател и членови на Комисијата за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор, како и за Предлог-одлуката за објавување оглас за именување на претседател и членови на Комисијата за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

На дневен ред на седницата се и Предлогот за избор на член на Советот на јавни обвинители, како и Дополнетиот предлог закон за вештачење и Предлог законот за парнична постапка, двата во второ читање.

Во рамки на 117. седница треба да бидат разледани и Предлог-измените на Законот за финансиски друштва, Предлог-измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог измените на Законот за пасишта, како и уште неколку предлог законски решенија во прво читање и по скратена постапка.