Премиерот ја заврши посетата на Германија. Пред заминување во Скопје пред новинарите порача дека Германија останува еден од нашите најголеми поддржувачи на евроатланскиот пат и гарант дека во текот на преговорите нема да се соочима со нови бугарски блокади.
Олав Шолц гарантира дека нема да има дополнителни услови од Бугарија, затоа што преговарчката рамка е јасна, порача Ковачевски од Берлин.
Премиерот потсети дека преговарачката рамка е изгласана од сите земји членки на ЕУ, но сепак не одговори дали од германскиот канцелар Шолц добил гаранции дека Бугарија ќе крене рака ЗА патоказите и Акцискиот план кои Македонија мора да ги изготви а ЕУ да ги одобри пред стартот на Втората Меѓувладина конференција со Унијата.
– Таа преговарачка рамка има многу јасни одредби во неа. Тоа е дека на 19 јуни ќе се одржи прва меѓувладина конференција, која што се одржа. Дека ќе биде потпишан договорот со ФРОНТЕКС, кој што се потпиша и каде за првпат го имаме Македонскиот јазик, чист без никакви додавки, заедно со сите други јазици на ЕУ, одобрен од сите 28 земји членки на ЕУ. – изјави Ковачевски.