Американскиот претседател Џо Бајден ја напушти програмата во живо пред водителката да ja oдјави емисијата и да најави реклами.

Камерите сè уште снимаа кога Бајден ненадејно стана, ја подаде раката на водителката Никол Валас, која му се заблагодари што и дал интервју, а потоа незгодно замина, објави Њујорк пост.

„Не одете никаде“, им рече Валас на гледачите на MSNBC додека Бајден излегуваше, чекорејќи директно зад неа.

Видеото на кое Бајден се оддалечува стана вирално.

„Што прави Џо Бајден?

Медиумскиот и политички консултант Џим Фаф напиша на Твитер:

„О Боже, Џо Бајден е навистина изгубен“.