Поранешната приврзаничка на тн. шарена револуција, активистката Ана Глигорова на социјалните мрежи ја критикува актуелната власт и ја коментира криминалната спрега што ја уништува Македонија.

– Мафијашката спрега на доверители (големи фирми, банки, лихварски здруженија,..) со институциите на државата, нотарите , извршителите и медиумите, прилично вешто го кријат невидениот грабеж кон луѓето, кои живеат со трошките од плататa и пензијата плаќајќи виртуелни долгови (од 1.000 ден. на 10.000 ден.), застарени побарувања со астрономска камата. Додека сиромашните луѓе спaсот си го бараат како мијачи на садови по Јадранот, овде на родителите им се дере кожата. Ветија дека ќе ги изгласаат промените во Законот за облигациони односи, најмногу поврзани со каматата која не смее да го надмине долгот, но ете чекаме да изгласаат пред да одат на одмор, на први август. Тече времето, нервите на луѓето се пред крај на издржливост, објави таа на Фејсбук.

Бандо лоповска, ја приватизиравте, ја украдовте Македонија како шталата на татко ви да е, си ги обезбедивте правнуците до крајот на животот, додава Глигорова во објавата.

– Докази има и за криминалната приватизација преку фамозната Агенција за санација на банки, а и за тешката злоупотеба на служвбена положба, антидатирање, фалсификување, штимање на пари, лихварење и рекет од страна на мафијашката спрега доверотели,судии, нотари и извршители кои ја спроведувате под мантрата – Наплаќаме долгови! Само заборавате дека наплаќате од ограбен народ кој е богами мнооогу бесен. Следува разврска, полека со докази, објави Глигорова на својот профил на Фејсбук.

Видеото со настап во медиумите на Глигорова од времето на тн. шарена револуција, како припадничка на Левица, може да го отворите ТУКА.