Двајца тинејџери од Ирска починале за неколку часа еден од друг додека биле на патување во Грција за да го прослават завршувањето на колеџот.

Ендрју Донел и Макс Вол, двајцата 18-годишни, завршиле колеџ оваа година и отпатувале на грчкиот остров Иос.

За време на саботната вечер, Ендрју се разделил од своите пријатели додека се враќале до нивното сместување и бил пријавен за исчезнат. Неговото тело било пронајдено околу 9 часот и 20 минути наредниот ден на камења во нива, а трагите укажувале дека се лизнал и удрил во главата.

Макс, кој има историја на проблеми со срцето, се верува дека паднал во близина на пристаништето на островот тоа попладне откако слушнал за смртта на неговиот пријател. И покрај максималните напори на лекарите, подоцна во болница била констатирана смрт.

Локалната полиција потврдила дека се водат две истраги за смртта на тинејџерите кои биле пронајдени мртви за неколку часа еден од друг.

„ Макс кој беше пронајден мртов во пристаништето имал историја на проблеми со срцето. Пријателите кои биле со него изјавиле дека колабирал кога слушнал за смртта на Едрју. Беа блиски“, рекол локален полицаец, пишува Мирор.

Телата на двајцата тинејџери ќе бидат испратени во пристаништето Пиреја, надвор од Атина, каде се очекува обдукција. Аутопсиите ќе ни кажат повеќе, иако во моментов исклучуваме се што е сомнително“, изјавил извор од островот.

Директорот на училиштето рекол дека групата соученици кои биле на одмор со нив биле „апсолутно трауматизирани“ и отишле дома. Училиштето е отворено, отворена е книга на жалост и има поддршка за оние на кои им е потребна, додал директорот.