Вечерва со почеток во 19 часот закажан е протест пред Кривичниот суд во Скопје.
Протестот е организиран преку социјалните мрежи каде од завчера се објавува најава за поддршка на поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, кој на 8 ноември треба да се јави на издржување на казната затвор од две години, за предметот „Тенк“ на СЈО.
Станува збор за блиндираниот „мерцедес“, за кој вината е тоа што за време на неговиот мандат бил купен, а во него денес се вози актуелната власт и високите странски гости кои доаѓаат во посета на Република Македонија.
Најавата е објавена на Фејсбук и масовно се споделува.
– Кога неправдата е на сила, непокорот е единствениот пат до правдата. Борбата за правда започна, се наведува во најавата на „Правда за Никола Груевски“.