Се собираат докази – обвинител ќе пресече дали вработените во „Комуналец“ го загрозуваат здравето на луѓето со штрајот.

Несобирањето на отпадот во Скопје кое може да се толкува и како смислено загрозување на здравјето на луѓето, допре до скопското Обвинителство. По постапувањето на МВР, тие ги преземале првите чекори на проверки. Од нив треба да добијат одговор, дали има елементи на сторено кривично дело.

Од Обвинителството за „Макфакс“ потврдуваат дека веќе се издадени и насоки за проверки и обезбедување докази, за да се испита што точно се случува. По ова, ќе се одлучи дали ќе има кривичен прогон и против кого ќе биде насочен.

Поради случувањата во „Комунална хигиена-Скопје“, постапуваше и полицијата. Оттаму излегоа со конкретни информации што било пријавено.